НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 6.09 – 13.09
Овен (21.3 - 20.4)
Работа: Оваа недела ќе видите кои задачи на работното место ви пружаат задоволство, а кои ве прават нервозни.
Не ја форсирајте работата, правете го она што ќе ви речат да го направите, а резултатите најдобро ќе ги покажат вашите способности.
Некои работи е најдобро да ги задржите за себе.
За оние што бараат работа ова е погоден период.
Љубов: Мирна и по малку досадна недела на љубовен план.
Само полека и без бурни реакции. Следете ги само чувствата овојпат знаат каде ве водат.
Слободните ќе запознаат некој сличен на нив, кој ќе им се допадне на прв поглед. Постои можност за влегување во тајна врска.
Здравје: Стомачни проблеми.
Бик (21.4 - 21.5)
Работа: Веќе некое време работата ви е многу важна и може да се каже дека добро ви оди.
Пред да скокнете викнете “оп”, бидејќи никогаш не знаете кој љубоморно ве гледа.
Ќе бидете полни со енергија и внатрешно задоволство, што значи дека ниту една задача нема да ви биде тешка – ќе бидете достојни и за најтешките.
Можни се добивки на игри на среќа.
Љубов: Сакате да ја промените својата улога во врската, но тешко дека тоа ќе ви успее. Забите треба да ги покажете на почетокот!
Ситуацијата која претходно не ви се допаѓаше се сврте во ваша корист, па слободно уживајте во оваа недела без грижа на совеста.
Младите Бикови можат да бидат нестрпливи и да посакаат да стапат во брак или пак брзоплето да донесат одлука за прекин на врската, бидејќи се пречувствителни.
Здравје: Обрнете внимание на чукањето на срцето.
Близнаци (
Работа: Оваа недела одговорните работи оставете ги на страна и работете го она за што не ви треба енергија.
Дури откако ќе ги средите проблемите на приватно поле ќе можете да ја подобрите својата работа.
Финансиската ситуација ќе се подобри, а вие ќе бидете задоволни со ситните работи кои ќе ги направите за себе.
Љубов: Ќе пробате да го ускладите приватниот со работниот живот, но тоа ќе ве натера на многу нагли и непромислени одлуки.
Семејниот живот ви е во преден план, особено ако сте во позрели години, потребно е да ги земете работите во свои раце и да го доведете во ред сето она што сте пропуштиле да го направите во последно време.
Имајте предвид дека квалитетот на вашата врска ќе зависи најмногу од тоа како ги изразувате своите емоции.
Здравје: Слаб имунитет.
Рак (22.6 - 22.7)
Работа: Најдобар совет за вас оваа недела е да не обрнувате многу внимание на коментарите кои ќе бидат наменети за вас, но послушајте ги предупредувањата.
Ќе почувствувате недостаток на волја и концентрација, но сето тоа ќе трае кратко, бидејќи кон средината на оваа недела ќе имате одлични идеи кои ќе резултираат со успех.
Една личност ќе побара од вас да донесете конечна одлука.
За вашата работа да тргне на подобро ќе направите се, ќе бидете добри претприемачи и секогаш подготвени за некои отстапки во работата.
Љубов: Поради тоа што никој нема да биде подготвен за одговор или пак за компромис, можеби ќе биде најдобро некои работи да завршите сами.
На вашиот партнер нема да му се допадне вашата воздржаност, затоа покажете му што чувствувате, додека слободните ќе доживеат романтична средба која на крај ќе им ги задоволи желбите и очекувањата.
Нема да имате многу разбирање за партнерот, доколку се работи за Близнаци или Девица, затоа што ќе бидете оптоварени со обврските на работа.
Здравје: Бидете поопуштени.
Лав (23.7 - 22.8)
Работа: Оваа недела ви носи некои нови можности, но нема да бидете во состојба да влезете во нови проекти, сепак не се разочарувајте, некои други работи на кои не сте сметале ќе завршат успешно.
Пробајте да работите со мали цели, ако бидете смирени ќе постигнете многу повеќе.
Мудроста и трпението се клучни елементи за успех, и покрај тоа што со некои соработници имате различни размислувања - интересите ви се заеднички, па ќе успеете да се договорите за сé.
Љубов: Премногу го критикувате партнерот, а понекогаш ги преувеличувате неговите маани, свртете се кон себе и ќе видите дека за половина од вашите нерешени односи сте виновни вие.
Оваа недела за вас ќе биде малку необична, околу вас ќе постојат луѓе кои со задоволство ќе ве охрабруваат да го живеете лудо вашиот живот, додека пак кај вас расте потребата за интимно поврзување со вашиот партнер.
Некој со кој доаѓате во контакт преку работата ќе ви стане опсесија и покрај тоа што можеби не е слободен.
Здравје: Проблеми со желудникот.
Девица (23.8 - 22.9)
Работа: Среќата оваа недела ќе биде на ваша страна. Цела недела успехот ќе ви биде загарантиран, немојте да се плашите, само верувајте во својата интуиција.
Некои различни ставови и размислувања кои ги имате ќе ве оддалечат од лицата со кои работите, а сето тоа ќе се покаже како лоша работа затоа што ќе се одрази на заедничките работи и нивните резултати.
Недоразбирањата и ситните кавги ќе влијаат на вашата концентрација, затоа сконцентрирајте се најдобро што можете затоа што пред вас се цели кои морате да ги исполните.
Љубов: Ќе бидете загрижени за вашата врска поради промените во однесувањето на вашиот партнер, сетете се дека љубомората во големи количини не е добра за вашата врска.
Нема да сакате многу да зборувате за вашите љубовни проблеми, само ќе се трудите на многумина да им дадете до знаење дека можете сами да ги решите.
Сепак ќе имате напредок на љубовен план, но нема да биде праволиниски како што сакате вие. Ќе донесете некои долгорочни одлуки и договори со партнерот, малку трпение и се ќе биде како што сакате.
Здравје: Повеќе одмор.
Вага (23.9 - 22.10)
Работа: Оваа недела би било најдобро да извршувате некои задачи за кои не е потребно да вложите претерана концентрација.
Ќе бидете премногу преокупирани со вашиот приватен живот, па нема да бидете способни да одговорите на важните деловни задачи.
Ќе ви биде потребен мал одмор, па ако сеуште имате некој слободен ден од вашиот одмор искористете го сега.
Љубов: Ќе ги освојувате сите околу себе, но може и да освоите некоја личност од која нема да можете да се ослободите тогаш кога ќе се заситите од неа. Бидете внимателни.
Некој е нестрплив да се сретне со Вас и да ве запознае. Оние што се во сериозна врска или брак доколку привремено не се со партнерот поради премногу обврски, нека најдат време и нека излезат на романтичен состанок.
Важно е на актуелните случувања да не реагирате бурно и да избегнувате караници со оние кои ви значат.
Здравје: Зголемена вознемиреност и проблеми со стомакот. Јадете полесна храна.
Шкорпија (23.10 - 22.11)
Работа: Имате впечаток дека кариерата ја држите во своите раце и дека тешко може некој да ви наштети.
Бидете внимателни со грубите зборови и однесување, тоа е непотребно се оглед на ситуацијата во која се наоѓате.
Амбицијата вас никогаш не ве напушта. Ќе добиете можност на некого да му вратите услуга. Можна е соработка со странци.
Љубов: Не е лесно да се отворите, особено ако неколку пати сте се изгореле, но обидете се да го направите тоа без никакви предрасуди.
Оваа недела ќе имате голема поддршка од вашиот партнер и од најблиските, но само доколку потполно им се отворите.
Не се срамете да ја покажете вашата ранливост, сите ние имаме по некоја слабост. Владеете со другите, но не и со себе. Некаде грешите.
Здравје: Внимавајте на хроничните проблеми.
Стрелец (23.11 - 21.12)
Работа: Планетарната активност во полето на вашата кариера и репутацијата што ја имате упатува на совршенство. Нема да знаете што да одберете од толку одлични понуди кои ќе ги имате.
Најдобро ќе биде да се тргнете од сé и работите да ги погледнете објективно, а потоа донесете ја најдобрата одлука за вас.
Ќе добиете некои заостанати пари или ќе имате помала добивка во игрите на среќа. Трудете се да бидете економични колку што повеќе можете.
Љубов: Потребно ви е многу разбирање и внимание, а тоа можете да го добиете од врската со Рак или Девица. Меркур ве предупредува на несигурност поврзана со луѓе кои ви се важни во животот.
Затоа ќе биде најдобро малку да се смирите и да не барате премногу од другите засега.
Доколку сте неверни во врската, не треба да се гордеете со тоа. На лагата и се кратки нозете.
Ако сте млади не влегувајте во врска со личност многу постара од вас.
Здравје: Чувајте си ги нервите.
Јарец (22.12 - 20.1)
Работа: Време е да престанете да судите за луѓето уште на првиот состанок, на тој начин создавате лоша слика и за самите себе.
Прилагодете се и опуштете се, не дозволувајте недостатокот на оптимизам и волја да ви го расипат денот.
Во работата употребете ги вашите најсилни адути и покажете сé што знаете и умеете.
Љубов: Комуникацијата со блиските луѓе ќе ви биде на одлично ниво. Нема да биде многу возбудливо како што сакате вие, но со оглед дека е нагласена љубомората, овие денови е подобро да не навлегувате во ситуации кои би можеле да ви наштетат.
Можеби ќе морате да промените некои планови со саканата личност, но немојте поради тоа да направите драма.
Слободните конечно ќе сфатат дека животот е краток да се тагува, па ќе прифатат нечија понуда за излегување.
Здравје: Можни се проблеми со хроничните болести.
Водолија (21.1 - 19.2)
Работа: Оваа недела како и следните неколку немојте да донесувате важни бизнис одлуки.
Меркур ви носи лоша комуникација, многу забуни, недоразбирања и лажни информации.
Пред се посветете се на истражување и проверување на сите информации кои ги имате за да донесете вистинска одлука кога ќе дојде време за тоа.
Љубов: Најверојатно оваа недела ќе мора да се соочите со некои свои стравови за зависноста и интимноста.
Одредени односи ќе зајакнете и ќе го достигнете следното ниво.
Разговарајте сериозно со партнерот за сé што ве мачи. Ако проблемот е во парите, решете го тоа без караници. Меркур ви носи слаба комуникација.
Здравјe: Ќе бидете подложни на стрес и нервозни испади. Смирете се!
Риби (20.2 - 20.3)
Работа: Ова е позитивна недела за вас. Бидете и вие позитивни спрема другите и ќе ви биде многу полесно.
Односите со колегите ќе ви бидат добри, но немојте да верувате во се што ќе слушнете.
Не прифаќајте понуди кои не ги задоволуваат вашите критериуми, бидејќи долгорочно тоа нема да се покаже како добар план.
Тргнете се од лицата кои негативно влијаат на вас.
Љубов: Збунувачка љубовна состојба. Најверојатно поради проблемите во комуникацијата ќе дојде до недоразбирање со саканата личност, но начинот на решавање ќе ги надмине дури и вашите фантазии.
Бидете отворени и искрени за сé и сигурно ќе уживате!
Слободните ги очекуваат нови авантури.
Здравје: Се ќе биде совршено, посветете си повеќе внимание на себе си!
Последно освежено (Понеделник, 06 Септември 2010 13:36)
Мудрости
|




























